Sunday, July 3, 2016

Здраво на сите!

Здраво дечки, со оглед на мојата преголема љубов кон модата, решив да го покренам овој блог на кој ќе пишувам текстови поврзани со модата, модни случувања, здрав живот и се што вам ќе ви биде интересно.
Долго гледав туѓи блогови, читав разни текстови и си реков зошто да не. Иако по струка сум на сосема друга страна, сепак модата е моја љубов, можам цел ден да поминам на инстаграм и да гледам модни комбинации и да не ми е досадно.
Овој блог нема да биде класичен моден блог за кој јас ќе се сликам во одредени комбинации а потоа ќе ги поставувам тука, туку ќе сретнете различи текстови во врска со модата, како да комбинирате одредени парчиња, бои, модели и слично. Ќе пишувам и текстови поврзани со здрав начин на живот, па и текстови со општи прашања за животот, се што вие ќе посакате и ќе ви биде интересно.
Се надевам дека добро ќе се дружиме, јас ќе се потрудам секогаш да ви биде забавно и да имате причина повторно да се вратите на овој блог.
Се читаме наскоро! :)

No comments:

Post a Comment